Со победата над Интер, Јувентус направи голем чекор кон освојување на деветтиот последователен трофеј од Скудетото.
Дербито на Италија се одигра пред празните трибини на стадионот „Алијанц“, при што Бјанконерите славеа со 2-0. Арон Ремзи и Пауло Дибала беа стрелците во второто полувреме.
„Воџата на навивачите“ на клупата на домашниотбеше тренерот Маурицио Сари кој ги натера играчите на клупата да навиваат за своите соиграчи на теренот.
Во финишот на натпреварот, Сари мавташе со рацете кон играчите на клупата и бараше да навиваат како играчите на теренот кога бараат поддршка од трибините.
Резервистите на „Старата дама“ реагираа веднаш и почнаа да навиваат за соиграчите, особено резервните голмани Џанлуиџи Буфон и Карло Пинсољо.
Патем, Сари последните неколку недели беше на голем удар поради слабата игра на Јуве, но по синоќешниот навистина одличен настап на неговиот тим, ги замолкна критичарите, барем засега.