ФУДБАЛ

Кој е идолот и примерот за Ерлинг Халанд?

Ерлинг Халанд игра прекрасно оваа сезона.

Младиот 19-годишен Норвежанец блескаше во дресот на австрискиот шампион Салцбург и продолжи со истото темпо во Борусија од Дортмунд, каде пристигна оваа зима.

До сега само на натпреварот против Леверкузен остана без гол, но влијанието на осум гола на пет настапи за Борусија е фантастично.

Неговиот татко некогаш бил познат фудбалер. Алф Инг Халанд е поранешен играч од средниот ред на Манчестер Сити, Лидс Јунајтед и Нотингем Форест и во моментов се грижи за кариерата на неговиот син.

Во интервју за француските медиуми, тој откри кој е идол на неговиот син и беше доста изненаден.

„Ерлинг има неколку идоли и еден од нив е Калјан Мбапе. Тој е фантастичен фудбалер и е заслужен за соништата што ги сонува Ерлинг“, изјави постариот Халанд.

Разликата меѓу двајцата фудбалери е нешто помалку од две години и сигурно ќе ги гледаме нивните дуели во иднина, барем во борбата за Златната копачка.