Реал Мадрид не ја отвори сезоната на најдобар можен начин и јасно е дека се наоѓаат во резултатската криза.
Поддржувачите на кралскиот клуб веруваат дека Флорентино Перез не требаше да го пушти Зинедин Зидан да го напушти тимот на крајот од минатата сезона, и дека Лопетеги едноставно не може го води Реал. Зидан сите ги изненади со одлуката да го напушти Реал Мадрид и изјави дека едноставно му е потребен нов предизвик во кариерата.
Сепак, шпанските медиуми објавија дека Зидан имал намера да остане, но планирал неколку промени во тимот. Францускиот експерт не сакал Кристијано Роналдо да го напушти Сантијаго Бернабеу, но затоа го пречкрта Герет Бејл. Од заработените пари тој сакаше да се обиде да го донесе Салах, Азар или Кејн, но ништо од тоа.
Сепак, оваа одлука не му се допадна Перез кој милеше дека Бејл треба да остане. На крајот, Зидан одлучи да го напушти клубот, но неговото заминување сега многу се почувствува во играта на кралевите. Наводно, голот на Бејл во финалето на Лигата на шампионите беше пресуден, бидејќи после тоа Перез не сакаше да разговара со Зидан на оваа тема.