Фудбалскиот клуб Реал Мадрид го комплетираше летниот преоден рок.
Извори блиски до клубот тврдат дека немало план за доведување на нов напаѓач, ниту за испраќање понуда за Килијан Мбапе, бидејќи Флорентино Перез знае дека следното лето ќе го донесе бесплатно.
Ниту повредата на Едер Милитао не влијаеше на Реал да го смени курсот, бидејќи клубот верува дека Антонио Ридигер, Давид Алаба и Начо Фернандеш заедно со младинците од Б тимот можат да ја поминат целата сезона без Бразилецот.
На местото на повредениот Тиб Курто доаѓа Кепа Аризабалага, кој дојде на позајмица до јуни 2024. Пред него дојдоа Фран Гарсија, Џуд Белингам, Хосела, Брахим Дијаз и Арда Гулер.
Реал го напуштија Карим Бензема, Марко Асенсио, Еден Азар, Маријано Дијаз и Хесус Ваљехо.
За Карло Анчелоти најважно беше што Тони Крос, Лука Модриќ и Дани Себаљос ги продолжија договорите, има голема конкуренција и многу опции во средниот ред, но само една „деветка“ во нападот – Хоселу. Затоа се очекува многу од Џуд Белингем како „лажна деветка“ и Винисиус и Родриго да бидат уште поефикасни и поубиствени на крилните позиции.
Дали Реал Мадрид е доволно силен да се бори на сите три фронта?