Поранешната sвезда на Барселона и Интер, Самуел Ето, не се сомнева кој е најдобриот напаѓач на сите времиња.
Камерунецот го смета славниот Бразилец Роналдо за најдобар, а тој исто така верува дека е на врвот, но дека сите стојат зад Ел Феномен.
“Најдоброто од сите времиња е Роналдо – Ел Феномено. Јас имам голема почит кон него и сите останати се зад него, вклучувајќи ме и мене. Денес најдобриот е Лионел Меси, тука е и Мбапе кој се подобрува и мислам дека ќе успее во наредните години да го одбележи светскиот фудбал “, рече Ето.
Тој тврди дека е меѓу најдобрите африкански фудбалери на сите времиња.
“Тешко е да се каже кој е најдобриот. Има многу што освоија титули и награда за најдобар играч во Африка. Јас секако сум меѓу нив. Јас освоив турнири со силни тимови и би било идеално да се собереме идеален тим и конечно да се избере кој е најдобриот таму”, Истакна Ето.
Покрај Барселона и Интер, камерунскиот фудбалер во текот на својата кариера играше за Реал Мадрид, Мајорка, Евертон, Сампдорија, Челзи, Анжи, Анталијаспор и Коњаспор, а кариерата ја заврши во 2019 година во Катар.
Тој одигра вкупно 764 клупски натпревари и постигна 371 гол.