ФУДБАЛ

Кој е најдобриот играч за врска во историјата на Германија? Матаус мисли дека го знае одговорот

Легендарниот германски фудбалер Лотар Матаус нема дилема кога е во прашање најдобриот германски играч за врска.

 

Низ историјата, Германија имала голем број врвни играчи, особено во средниот ред. Иако и самиот може да се класифицира како играч од средниот ред, Матаус го избра Тони Крос за најдобар играч за врска во Германија.

 

Еднаш кажавте дека се сметате за најдобриот германски играч за врска во историјата…“, му рекол новинарот на Марсе Матаус, а вториот набрзо ја демантираше таа реченица.

„Никогаш не го кажав тоа. Сега работам како коментатор на телевизија, а знаете како се новинарите (се смее). Тие сакаат да создаваат приказни. Не, никогаш не сум го кажал тоа. Бев добар играч кој играше за големи тимови: Баерн , Гладбах, Интер и Германија. Ако некој каже дека сум најдобар, одличен, но јас не го кажувам тоа. Би рекол дека Тони Крос е најдобриот германски играч за врска. Ако ги погледнеме неговите титули, тој е број еден. Тони е многу елегантен, прецизен и секогаш ги избира вистинските потези. Има радар и знае кога да биде брз во бурното темпо на Реал Мадрид“.

 

Своевремено Матаус имаше можност да го облече дресот на Реал Мадрид во 90-тите, но ја одби можноста.

 

„Го запознав тогашниот претседател на Реал Мендоза во 1991 година во Женева. Тој сакаше да го носам дресот на Реал, но имав договор со Интер и до 1993 година тоа не беше можно“.

Дали Германија е еден од фаворитите на Светското првенство?

 

„Да, но како Аргентина, Шпанија, Франција… има шест или седум кандидати. А Бразил е секако таму. Мора да го гледате целиот тим, не само почетните единаесет. Секогаш има изненадувања. И ова ќе биде специјално првенство, со играчи во врвна форма, подобри отколку на Светското првенство во лето“, јасен е Матаус.

 

Во интервјуто за Марка тој зборуваше и за Лигата на шампионите оваа сезона. Реал или Баерн?

 

Се надевам дека Баерн овојпат ќе биде подобар“, низ смеа одговори поранешниот германски репрезентативец.

 

По импресивната играчка кариера, Матаус имаше и скромна тренерска кариера. Работеше како тренер на Рапид Виена, Партизан, Атлетико Параненсе, Ред Бул Салцбург, Макаби Нетања, а извесен период ги водеше и селекциите на Унгарија и Бугарија.