ФУДБАЛ

„Кој има тетоважи нема да добие договор и не може да игра за репрезентацијата“

Добиваме радикални одлуки од фудбалскиот свет, поточно од Азија.

Имено, Фудбалскиот сојуз на Кина одлучи тетовираните фудбалери да не можат да играат за кинеските клубови, но и за репрезентацијата.

„Нема договори, нема репрезентација, ако имаат тетоважи. Тие што ги имаат нека покриваат како што знаат, инаку нема да играат. Фудбалерите мора да бидат пример за општеството како и другите спортисти. Пример за здрав живот, однесување, но и изгледот да биде посебен и позитивен“, изјавија од Фудбалскиот сојуз на Кина.

Ваквата одлука предизвика лавина коментари, најжестоки беа дека секој поединец, но и фудбалерот сам одлучува за своите постапки, па дури и тетоважи, но Кинезите се јасни по тоа.

Ќе видиме како тоа ќе важи за кинеската репрезентација која во своите редови има многу фудбалери кои имаат тетоважи на телото.