Шести пораз за битолски Еурофарм работник во рамките на Лигата на шампиони.
На гостувањето кај Спортинг, Еурофарм Работник загуби со 36:26.
Во првите 10-тина минути битолчани се држеа кога беше 6:6. Од тој момент Спортинг влезе во одличен ритам и со серија од 10:2, домаќините имаа двојно повеќе погодоци (16:8).
Во второто полувреме разликата ниту еднаш не падна под 4 гола предност за Португалците (21:17). а Спортинг на крајот и прв пат поведе со 10 гола, што се покажа и како конечен резултат.