ФУДБАЛ

Кој клуб е најблиску до Ерлинг Халанд?

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд би можел да ја напушти Борусија Дортмунд во летниот преоден рок.

Брилијантниот 20-годишник има опција да замине за 75 милиони евра во договорот, а со оглед на тоа што Борусија е принудена да продаде неколку играчи поради финансиската криза, сигурно е дека Халанд би можел да биде еден од оние што ќе си заминат.

Шпанскиот новинар Жозеп Педрерол тврди дека Халанд засега е најблизу до влегувањето во Реал Мадрид.

Кралевите долго време сонуваа да го донесат Килијан Мбапе. Сепак, чудесниот Французин е невозможна мисија, па тие очигледно се свртеа кон доведување на Халанд во Реал.

Педрерол, кој често има ексклузивни информации на ТВ Ел Чирингито, тврди дека засега Халанд е играчот најблизок до Реал и многу е можно да го видиме фантастичниот Норвежанец во дресот на гигантите од Мадрид.

Халанд го носеше дресот на Борусија во јануари минатата година и му докажа на тимот од Дортмунд дека е навистина неверојатен напаѓач.

Тој постигна 39 погодоци на 41 натпревар за германскиот великан, а покрај Реал се поврза и со Јувентус и градските ривали од Манчестер.