ФУДБАЛ

Кој кого удри? Недосудениот пенал за Реал крена огромна прашина, Кралевите бесни на судијата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид ремизираа во феноменален натпревар на гостувањето кај Рајо Ваљекано со резултат 3:3 и со тоа ја пропуштија шансата барем привремено да го преземат врвот на табелата во шпанската Ла Лига, но по натпреварот повеќе се зборуваше за судењето отколку играта.

Во Реал беа незадоволни од судењето на Хуан Мартинез Мунуера, па дури и на официјалниот сајт објавија дека се оштетени од контроверзните судиски одлуки. Секако најголемо внимание привлече ситуацијата во 76. минута кога Винисиус беше соборен во шеснаесетникот на домаќините, но немаше пенал.

ПОВРЗАНО

Ла Лига