Во петокот вечерта во новата зграда на Македонскиот национален театар, едно од најграндиозните изградени зданија во нашата држават, каде то треба да се промовира културата и правилните вредности, се случи огромен скандал.
Некој умен во Министерството за култура решил да им дозволи да слават 30 години од постоењето на навивачите од Чаир и тоа на место што нема врска со навивање.
Затоа пак, Шверцерите се покажаа во „вистинско светло“, се качуваа на столчињата, се држеа за шипките на горниот дел од галеријата, скокаа и не помислија дека може да направат непроценлива штета на објектот.
На „гала свеченоста“ беа присутни и фудбалски имиња кои биле дел од клубот од Чаир, беа екс репрезентативците Горан Станковски, Гого Јовчев, Зекирија Рамадан, Арбен Нухиу, Арѓент Беќири… беше и поранешниот македонски селектор Ѓоре Јовановски. Секако, за да даде тежина на оваа манифестација, присутен беше и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кој пред неколку години беше и тренер на екипата.
Вечерва осамна видео од нивното дивеење, јавноста е згрозена и прашува – на кој паметен му текнало да им го дозволи ова?
https://www.facebook.com/igor.durlovski/videos/3021922984492925/
Извор: SPORT1.mk