Интер се пласираше во финалето на Лигата на шампионите откако ја победи Барселона со 4-3 по продолженија во синоќешниот спектакуларен реванш од полуфиналето на домашен терен.
Интер така се пласираше во финалето со вкупен резултат 7:6, каде што ќе се соочи со подобриот од ПСЖ и Арсенал, кои вечерва ќе го играат реваншот во Париз откако францускиот тим го доби првиот натпревар во Лондон со 1:0. Иако многумина мислеа по првиот натпревар помеѓу Барселона и Интер (3:3), кој исто така беше одличен, дека на реваншот ќе биде тешко да се надмине, токму тоа се случи. Во Милано гледавме натпревар за кој многумина тврдат дека е еден од најдобрите, ако не и најдобриот, во историјата на Лигата на шампионите. А, ова се најважните моменти.
