Синоќа беше одиграно последното коло од лигашката фаза на Лигата на шампионите, по што се познати сите екипи кои го продолжуваат натпреварувањето во нокаут-фазата.
Пласман понатаму обезбедија вкупно 24 екипи, од кои првопласираните осум тима директно се пласираа во осминафиналето, додека екипите од 9. до 24. позиција ќе играат во плеј-оф и ќе се борат за место во осминафиналето.
Директен пласман во осминафиналето изборија Арсенал, Баерн, Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Челзи, Спортинг и Манчестер Сити, додека во плеј-офот се пласираа Реал Мадрид, ПСЖ, Њукасл, Интер, Јувентус, Атлетико Мадрид, Аталанта, Баер Леверкузен, Борусија, Олимпијакос, Клуб Бриж, Галатасарај, Монако, Карабах, Бодо/Глимт и Бенфика.
Познат е и прелиминарниот костур во пресрет на ждрепката која ќе се одржи во петок.
