На гала свеченоста на ФФМ која вечерва се одржа по повод прогласување за најдобрите во изминатата сезона, актуелниот шампион Шкендија се закити со неколку поединечни, но и екипини награди.
Но она што привлече посебно внимание, а притоа се разви и жестока дебата на социјалните мрежие е одлуката на ФФМ на тимот од Тетово да се даде наградата за фер-плеј.
Се наметнува прашањето по кој критериум само Шкендија ја доби оваа награда кога безмалку и да немаше меч кога нивните навивачи и публика навредуваа на етничка основа, но и упатуваа разни поградни зборови за противничките екипи. Патем имаше и низа инциденти каде што противнички играчи беа гаѓани со разни предмети.
Впрочем многумина се сеќаваат и на однесувањето на самите фудбалери на Шкендија, односно погрдните зборови кон Вардар.
Инаку, кога сме кај фер-плејот, делегатите на сите натпревари имаат должност после секоја средба да направат фер-плеј листа која што се доставува до ФФМ. Па се наметнува прашањето, дали делегатите кои биле на дуелите на Шкендија и покрај се им давале најдобри оценки.