Играчот од средниот ред на Атлетико, Коке призна дека би сакал да го види Марко Ројс во Мадридскиот клуб.
Иако овој 29-годишен фудбалер речиси секој трансфер период е поврзан со разни клубови, од 2012 година тој е во Вестфален. Меѓу оние кои му се восхитуваат на неговата лојалност е и Коке, кој не крие дека сака Ројс да дојде во Атлетико.
“Би сакал да го видам во Атлетико ми се допаѓа неговиот стил на игра, моќен е, брз, опасни и непредвидливи”, рече Коке, пренесуваат странските медиуми, а потоа додаде:
“Тој имаше многу понуди во минатото, но секогаш одлучуваше да остане. Тоа ме импресионира. Ваква лојалност кон клубот веќе не се гледа во фудбалот”, рече Коке.
За Дортмунд, Ројс има одиграно повеќе од 200 официјални натпревари, а постигна 103 гола и 66 асистенции. Тој претходно беше облечен во дрес на Борусија Менхенгладбах.