Александар Коларов до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Интер.
Ова го пренесуваат италијанските медиуми кои наведуваат дека Интер му понудил на Коларов итен прекин на соработката, и да ја преземе улогата на еден од скаутите на клубот.
Тој не се согласи на тоа, но сака да го комплетира договорот до крајот на сезоната.
Тоа ќе се случи, а потоа би можел да стане член на стручниот штаб.
Коларов оваа сезона одигра само четири натпревари и долго време се шпекулираше дека ќе го напушти клубот, но сега ситуацијата е променета.