Садио Мане е фудбалер кој моментално е во центарот на вниманието.
Имено, сенегалскиот репрезентативец стана нов играч на Баерн и со тоа стави крај на една многу успешна епизода во Ливерпул.
Во вторник наутро Мане ќе пристигне во Германија, а истиот ден се закажани лекарски прегледи во просториите на Баерн. Потоа ќе потпише тригодишен договор и ќе биде официјално претставен.
Ливерпул од продажбата на својот најдобар играч ќе заработи околу 32 милиони евра, плус шест милиони евра бонус кој ќе зависи од бројот на настапи на Мане во дресот на новиот клуб.
ЕСПН денеска во негова чест објави видео од натпревар од Лигата на шампионите.
Имено, откако Мане ја напуштил играта, тој го повикал момчето кое собирало топки и му подарил дрес, а потоа го гушнал.
Се не можеше да помине без препознатливата насмевка на Мане. Овој човек има големо срце.
Погледнете како изгледаше сето тоа.
Sadio Mane has one of the biggest hearts in football ❤️
(via @ChampionsLeague)pic.twitter.com/gcdyS1PCs4
— ESPN FC (@ESPNFC) June 18, 2022