Бруно Фернандес денеска ќе пристигне во Манчестер, а утре треба и официјално да стане нов член на Јунајтед.
Фантастичниот португалски играч од средниот ред се согласи да се пресели од Спортинг во Јунајтед, а гигантот во Лисабон синоќа ја прифати понуда што дојде од „Олд Трафорд“.
Така, тимот на Лисабон ќе собере 80 милиони евра во овој трансфер. Од тие 80, 55 милиони ќе бидат исплатени веднаш, а други 25 ќе бидат исплатени преку разни бонуси.
Позната е и платата на Бруно Фернандес. Тој ќе заработува 70.000 фунти неделно, а има и одредени бонуси за голови, асистенции и трофеи во договорот.
Тој ќе биде заслужен и за славниот број седум, носен до пред неколку месеци од Алексис Санчез, кој во минатото им припаѓаше на легендите на клубот.
Ќе видиме како ќе настапи Португалецот на „Театарот на соништата“, и нема дилема дека Јунајтед би добил многу доколку ги повтори натпреварите од Спортинг.