ФУДБАЛ

Колку пари ќе загуби Интер поради поразот од Барселона?

Интер синоќа беше поразен на домашен терен од Барселона со 2:1 и со тоа не успеа да се пласира во 1/8 финале во Лигата на шампионите.

На тимот на Антонио Конте му беше потребна победа против Каталонците, кои влегоа во модифицирана постава, но навивачите на крајот беа разочарани.

Испаднувањето од Лигата на шампионите во групната фаза, исто така ќе го чини Интер 12,2 милиони евра, иако рекордот беше срушен на овој натпревар, пишуваат италијанските медиуми.

Оваа бројка се добива кога се сумираат приходите од ТВ правата и бонусите што ги дава УЕФА за тимовите кои се пласираа во нокаут-фазата.

Нероаѕурите досега заработија 40,7 милиони евра и сега треба да ја освојат Лига Европа, а потоа да го играат Суперкупот на УЕФА за да ги надоместат изгубените пари по загубата од Барселона.

Од друга страна, натпреварот против каталонскиот тим го следеа вкупно 71.818 навивачи на стадионот, што на крајот му донесе Интер на рекордна добивка од 7,8 милиони евра.

 

ПОВРЗАНО

Лига Европа