ФУДБАЛ

Колку заработи Барселона откако го демолираше Реал во Суперкупот?!

Фудбалерите на Барселона синоќа го освоија шпанскиот Суперкуп, а каталонскиот клуб заработи околу девет милиони евра, објави шпанскиот весник АС.

Веќе некое време е познато дека Каталонците со години се во финансиски проблеми, па оваа бројка сигурно многу ќе им значи. Реал, пак, заработи седум милиони евра како финалист во Суперкупот на Шпанија. Да потсетиме, Барселона синоќа во Ел Класико го совлада Реал Мадрид со огромни 5:2 и со тоа го освои својот прв трофеј сезонава.

Инаку, тимот на Ханси Флик го декласираше тимот на Карло Анчелоти во првото сезонско Ел Класико, а потоа беше 4:0 на Сантијаго Бернабеу.