ФУДБАЛ

Коло Муани јавно побара трансфер, дали Ајнтрахт претерува?

Рандал Коло Муани сака да премине во ПСЖ, а ПСЖ да го зголеми бројот на локални играчи.

ПСЖ испрати неколку понуди, Ајнтрахт ги одби сите и секој пат бараше – или 100 милиони или ништо.

ПСЖ постигна најмногу до 70 со дополнителни бонуси и преговорите пропаднаа. Коло Муани објави дека сака да се пресели во Париз.

“Многу му должам на Ајнтрахт. Навивачите ми влегоа под кожа и секогаш ми беа одлични и им вратив, дадов се за клубот. Но, не е тајна дека ПСЖ испрати рекордна понуда за мене. Преселбата во Париз е огромна можност за мене. Би сакал да се преселам во ПСЖ и за ова го информирав раководството на клубот. Се надевам и посакувам Ајнтрахт да ја прифати понудата и да биде возможен мојот трансфер“, изјави Коло Муани.

Многумина сметаат дека Ајнтрахт претерува во барањата бидејќи пред само една година го донесе Муaни без обештетување и заработката при неговото заминување е практично „чиста“.

Го чекаме расплетот на ситуацијата, Французинот веројатно тактички заврши важна работа, бидејќи создаде дополнителен притисок и ја олесни последната рунда преговори. Но, објективно, 100 милиони се само премногу…