Лос Анџелес не успеа да ја одбрани титулата во МЛС лигата, овој тим беше поразен во големото финале од Колумбус кој оствари историски успех – 2:1.
Колумбус е новиот шампион во МЛС. Овој тим го симна од тронот Лос Анџелес, минатогодишниот освојувач на трофејот.
Домаќинот на последниот натпревар од МЛС шампионатот беше подобриот ривал во поголемиот дел од натпреварот. И тоа го материјализираше со два удара за што се покажа како недостижна предност.
Чучо најпрвин погоди во 33. минута од пенал, четири минути подоцна Колумбус ја затресе противничката мрежа и од игра тоа го направи Јебо.
Лос Анџелес не се предаваше, во 74. минута Буанга со гол им ја врати надежта на гостите. Сепак, до крајот на мечот Колумбус успеа да се одбрани и да оствари голем триумф.
