ФУДБАЛ

Комична ситуација во Турција пред изведување на пенал, поради снегот, натпреварот конечно беше прекинат (ВИДЕО)

Снегот ненадејно падна во одредени делови на Турција, а натпреварот Газиантеп – Малатијаспор беше прекинат на полувремето поради услови за игра.

Југоисточниот дел на Турција го затрупа снег, па мораше да се прекине дуелот во Газиантеп.

Една бизарна ситуација се случи на крајот од првиот дел, кога беше досуден пенал за гостите.

Карим Хафез се обидува со раце да ја расчисти „белата точка“ за да може да се изведе пенал. Додека го чисти снегот, неговиот противник Фуркан Сојалп му отежнува повторно да го фрли снегот на истото место.

На крајот, пеналот беше изведен, но не беше постигнат гол, па остана 0:0, но набрзо судијата најави дека натпреварот нема да се игра додека не се исполнат условите.