Рано утринава експедицијата на фудбалската селекција на Македонија се врати од Тбилиси. Авионот со кој патуваа поради густата магла не можеше да слета во Скопје, па се приземји на аеродромот во Приштина. Од таму со автобуси преку граничниот премин „Блаце“ пристигна во Македонија. На самиот граничен премин, беа пречекани од владина делегација, бројни медиуми, но и фанови.