Раководството на Ливерпул сака да има што е можно помалку отворени случаи во врска со нивните планови за претстојниот зимски преоден рок.
Гласините дека Мерсисајдс планираат да ја ангажираат суперѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе, се повеќе се зголемуваат во последно време. Се вели дека планот е Французинот да го замени долгогодишниот лидер во нападот на „црвените“, Мохамед Салах.
Но, дали е ова вистина?
Според „Дејли мејл“ одговорот е – не! Ливерпул категорично не е заинтересиран за евентуален трансфер на светскиот шампион од 2018 година. Со ова се потврдуваат претходно појавите информации за планот на англискиот колос.
Главната причина за тоа се најверојатно огромните финансиски барања на играчот, кои не ги исполнуваат стандардите наметнати на „Енфилд“.
24-годишниот напаѓач уште минатото лето важеше за сигурно ново засилување на Реал Мадрид. Во последен момент, сепак, се предомисли и остана на Паркот на принцовите, потпишувајќи нов договор до летото 2024 година со опција за дополнителен.
Сепак, се верува дека клаузулата нема да стапи на сила и Французинот конечно следното лето ќе се упати на Сантијаго Бернабеу како слободен играч.
