ФУДБАЛ

Конечно добра вест и за Реал!

Искусниот дефанзивец на Реал Мадрид, Серхио Рамос ќе биде подготвен за Ел Класико.

Според шпанските медиуми, Рамос се опорави од повредата, и ќе ја предводи одбраната на Реал во дуелот со Барселона.

Тренерот на „кралскиот тим“, Зинедин Зидан исто така потврди дека искусниот дефанзивец е подготвен за големиот судир.

“Серхио е наш лидер, наш капитен, но не сакавме да го ризикуваме неговото здравје. Сега тој се опорави и ќе биде со тимот. Важно е да бидеме 100 проценти подготвен, а Серхио е подготвен”, рече Зидан.