Навивачите на Манчестер Јунајтед конечно добија позитивни вести.
Првата ѕвезда на клубот Пол Погба се опорави од повредата и ќе биде подготвена за утрешниот натпревар во Лига Купот.
Погба неодамна се повреди и пропушти неколку натпревари, но сега се опоравува од повредата и ќе биде подготвен за мечот против Рокдејл. Натпреварот ќе се игра утре со почеток во 21 часот на „Олд Трафорд“.
Јунајтед повторно имаше многу слаб старт на сезоната, а последниот гостински пораз од Вест Хем донесе дополнителен немир во соблекувалната.
Црвените ѓаволи моментално се на 8-то место во Премиер лигата со само осум освоени бода по шест одиграни кола. Во следниот натпревар во Премиер лигата играат против Арсенал.