Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Лук Шо се опорави од повредата и конечно се врати на располагање на Ерик тен Хаг.
Манчестер Јунајтед потврди дека Лук Шо се враќа во тимот и дека најверојатно ќе може да игра веќе викендот кога тимот ќе му гостува на Евертон.
Шо е надвор од терените од крајот на август, а неговото отсуство се уште се чувствуваше на натпреварот со Манчестер Јунајтед, па ова е многу важна вест.
Ерик тен Хаг се обиде со Регилон и Дало, но впечатокот е дека Шо е убедливо најдобриот лев бек на Јунајтед.
Сега надвор од теренот се Лисандро Мартинез, Тајлер Маласија, Џони Еванс, Касемиро, а се очекува да се врати Расмус Хојлунд.
Манчестер Јунајтед е домаќин на Евертон во недела од 17:30 часот.
