ФУДБАЛ

Конечно е готово: Интер заврши одлична работа

Феноменалниот аргентински фудбалер Лаутаро Мартинез потпиша нов договор со актуелниот италијански шампион Интер.

Иако во последните неколку месеци се шпекулираше за негово заминување од Интер, Лаутаро Мартинез сепак потпиша нов договор со италијанскиот шампион.

Оваа информација ја откри еминентниот италијански новинар Фабрицио Романо, кој тврди дека Лаутаро потпишал договор со важност до летото 20025 година.

Романо откри дека во новиот договор нема фиксна откупна клаузула, додека во минатото фиксното обештетување изнесувало 111 милиони евра.

Оваа информација Интер ќе ја објави во наредните денови, а треба да се додаде дека Аргентинецот оваа сезона одигра девет натпревари во Серија А со ефект од пет гола и една асистенција.

Лаутаро стана член на Нероаѕурите во 2018 година. Тој пристигна од аргентински Расинг за речиси 23 милиони фунти и се покажа како вистинско засилување на клубот. Мартинез во изминатите три сезони одигра вкупно 132 натпревари во дресот на Интер и постигна 49 голови.

ПОВРЗАНО

Серија А