По неколкудневна сага, Ромелу Лукаку пристигна во Рома.
Клубот од главниот град на Италија го претстави белгискиот напаѓач како свое ново засилување.
Искусниот фудбалер го позајми дресот со број 90, а за Рома ќе настапува до крајот на сезоната како позајмен играч на Челзи.
Тренерот на „волците“ Жозе Мурињо и Лукаку веќе соработуваа во Манчестер Јунајтед, па одлично се познаваат.
Тој минатата сезона настапуваше за Интер како позајмен играч и се чини дека беше убеден дека и оваа сезона ќе го носи нивниот дрес, но бидејќи двата клуба не можеа да се договорат за продолжување на соработката, позајмицата не беше продолжена.
Со Лукаку, Дибала, Белоти, Ел Шарави и Абрахам кога ќе закрепне, Мурињо конечно ќе го има нападот што го посакува.
Колку овој трансфер значи за навивачите на Рома говори податокот дека сопственикот на клубот Ден Фридкин лично го возел авионот со кој Лукаку пристигнувал во Рим, а летот го следеле 47.000 гледачи преку апликацијата преку интернет платформата за следење на статусот на летови, што е рекорден број.
На аеродромот ги чекаа околу 5.000 навивачи на Рома, кои го пречекаа Белгиецот.
