Најбрзиот човек на светот конечно најде клуб која сака да потпише договор со него.
Легендарниот спринтер се обидува да изгради фудбалска кариера, па така тренираше со многубројни тимови меѓу кои и Борусија Дортмунд.
Муѓутоа договор не добил, па одлучи да се обиде во Австралија. Централ Коаст Маринерс му понуди проба, но се најде и тим кој сака веднаш да го доведе.
Се работи за Лас Вегас Лајтс кој се натпреварува во вториот фудбалски регион во САД. Сопственикот на овој тим Брет Лешброк подготвен е да го донесе Болт.
„Секако дека го сакам Болт. Тој е најбрзиот човек на светот, тренираше со некои од најдобрите клубови на светот и неговиот настап во овој ранг на фудбалот има смисла. Може да успее во оваа лига“. истакна Лешброк.
Овој тим е формиран минатата година, а интересно е тоа што дресот на овој клуб го носи некогашниот најголем светски таленти Фреди Аду.