Аргентинскиот светски шампион Лионел Меси би можел да му се придружи на Кристијано Роналдо во првенството на Саудиска Арабија. Според каталонското издание Mundo Deportivo, Ал Хилал е подготвен да му понуди плата од 300 милиони долари годишно на напаѓачот. Значителен дел од оваа сума ќе биде издвоен од државната каса.
Кристијано Роналдо се пресели во тим кој е главен ривал на „Ал Хилал“ во шампионатот на Саудиска Арабија – „Ал Насер“.
Договорот на Аргентинецот со Пари Сен Жермен е до крајот на сезоната, а веќе е најавено дека Меси во наредните денови повторно ќе потпише со парижаните.
Саудиска Арабија се надева дека потписот на двајцата големи играчи значително ќе го зголеми интересот за домашната лига, што пак ќе ги зголеми шансите на земјата да биде домаќин на Светското првенство во 2030 година.
