Пеп Гвардиола е на прагот на нов рекорд и нови златни страници во историјата на фудбалот – доколку Манчестер Сити го победи Флуминенсе во финалето на Светското првенство за клубови, Каталонецот ќе има освоено најмногу пехари и во ова натпреварување.
За почеток, важно е да се истакне дека ова е последен турнир во ваков формат, бидејќи по овој, ФИФА организираше ново клупско СП кое ќе се одржи во 2025 година, на кое ќе учествуваат 32 екипи од сите континенти, а домаќин ќе бидат САД. Така, доколку Сити го освои ова, последно СП во овој формат, Пеп Гвардиола ќе биде најуспешниот менаџер во ова натпреварување.
Гвардиола ја започна својата турнеја на Светското клупско првенство како дебитант на клупата на Барселона во 2009 година. Во својата прва сезона во 2008/09, тој ја освои историската „тројна круна“ – Ла Лига, Лигата на шампионите и Купот на кралот, пред да ги додаде европскиот Суперкуп и шпанскиот Суперкуп на почетокот на 2009/10 година. Во декември, Барса отпатува во Обединетите Арапски Емирати, во Абу Даби, за шестиот трофеј во таа календарска 2009 година. Естудијантес водеше од 37. минута, а потоа во шокантен финиш израмни Педро во 89. минута, а во 110. минута од второто продолжение Меси со гради ја испушти топката од шеснаесетникот за историскиот пехар таа година.
Гвардиола повеќе плачеше по тоа финале отколку по сите претходни, бидејќи, како што рече, го чувствувал најголемиот притисок откако е во клубот.
Две години подоцна Барселона имаше уште една шанса да стане светски шампион и успеа во тоа. И овојпат Барса ги освои Ла Лига и Лигата на шампионите, како и Суперкупот на Шпанија и Европа, само Реал успеа да го украде Купот на кралот во 2011 година. Но, во декември, Барса на Пеп овојпат отпатува во Јапонија на новото СП за клубови.
Во големото финале, кое беше значително помалку возбудливо од претходното, Барса го победи бразилски Сантос со 4:0. Лео Меси ги постигна првиот и последниот гол, помеѓу Чави Ернандез и Давид Виља, а Гвардиола по вторпат го крена Мундијалот во Јокохама.
Гвардиола чекаше уште две години за уште едно СП, но овој пат не со Барса и не како актуелен европски шампион. Имено, Јуп Хејнкес се прости од Баерн по трофејот во Лигата на шампионите во мај 2013 година, а веднаш потоа беше заменет со Пеп Гвардиола.
Светското првенство за клубови во тоа време се одржуваше во Мароко, а Пеп по трет пат го „освои“ овој трофеј. Во финалето против домаќинот Рах Казабланка, во Маракеш, Баерн Минхен победи со 2:0, головите ги постигнаа Данте и Тиаго Алкантара. За разлика од Барселона, Пеп не успеа да ја освои Лигата на шампионите со Баерн, но оваа година ја освои со Манчестер Сити.
По освојувањето на турнирите во ОАЕ и Јапонија со Барса, и со Баерн во Мароко, сега има можност да го подигне рекордниот четврти трофеј во Саудиска Арабија.
„Сакаме да го освоиме овој трофеј, бидејќи никогаш немавме можност да учествуваме на Светското првенство. За тоа ни требаше да ја освоиме Лигата на шампионите, а ова е уште еден убав потсетник за нашиот историски успех оваа година. Играв со Барселона двапати, а особено го паметам првото кога толку се мачевме против Естудијантес и едвај израмнивме во продолженијата во кое Меси ни го донесе толку посакуваниот трофеј. Во второто финале против Сантос беше многу полесно исто како подоцна против Баерн.”
Доколку Пеп успее да го подигне трофејот со Сити, Гвардиола ќе го помине Карло Анчелоти, кој исто така има три Светски првенства за клубови, едно со Милан и уште две со Реал Мадрид.
Освен Гвардиола и Анчелоти, кои имаат по три пехари, само Зидан има два, другите имаат по еден, а меѓу нив – Рафаел Бенитез, Алекс Фергусон, Луис Енрике, Јирген Клоп, Ханси Флик, Томас Тухел, Сантијаго Солари, Тите. …
