ФУДБАЛ

Контактите веќе се воспоставени, Милан останува без Донарума?

Милан, наводно, веќе размислува да го продаде младиот голман, а на крајот на краиштата, пристигнаа првите контакти …

Милан сакаат да го подобрат својот корпоративен биланс и подготвени се да се откажат од талентираниот италијански голман ова лето, а има интереси од Реал Мадрид, ПСЖ и Челзи.

За Донарума и претходно се појавуваше голем интерес од великаните, но тогаш младиот чувар на мрежата реши да потпише нов договор, но Мино Рајола веќе е во контакт со клубовите што ги наведовме.

Се смета дека Челзи е најконкурентен досега, нудејќи дури до осум милиони евра на Донарума годишно. Ситуацијата ја следи и Јувентус, кој исто така има намера да го донесе квалитетниот чувар на мрежата.

Донарума е исклучително важна алка во Милан, но едноставно на росонерите им се потребни пари, а Италијанецот се смета за вистински капитал за да оствари сериозна добивка.