За време на меѓународната пауза, тренерот на милански Интер даде детално интервју за локалните весници.
Конте често велеше дека пристигнал во Интер затоа што препознал долгорочен, квалитетен и примамлив проект, но трпението на навивачите се намалува. Тој сега тврди дека „ниту Клоп не освои ништо во првите четири години во Ливерпул“.
„Потребно е време да се направи нешто. Клоп немаше титули ниту во првите четири години, но со текот на времето создаде идеален тим и еве што имаме сега …”, рече Конте.
Интер ќе се соочи со Торино во недела на 22 ноември, по враќањето на фудбалскиот шампионат, а „Нероазурите“ моментално се седми со 12 бода. Досега во Серија А остварија три победи со три нерешени натпревари и еден пораз.