ФУДБАЛ

Конте: Би сакал повторно да работам со Ериксен

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте би сакал повторно да соработува со Кристијан Ериксен, откако тие беа заедно во Интер.

Данецот, кој колабираше на мечот на ЕП, потпиша шестмесечен договор со Брентфорд, со опција за продолжување за следната сезона.

Претходно 29-годишниот го раскина договорот со Интер, бидејќи не може да игра со вграден срцев дефибрилатор во Италија.

Меѓу „нероаѕурите’“, Ериксен дојде од Тотенхем во јануари 2020 година за 20 милиони евра.

„Ериксен е дел од приказната на Тотенхем и неговото враќање овде би било добра можност за мене, него и клубот. Јас сум првиот што се радувам што повторно ќе го видам на теренот. Добро си поминавме во Интер, ја освоивме титулата, две важни сезони заедно – му посакувам се најдобро“, вели Конте и додава:

„Никогаш не знаете што може да се случи во иднина. Би било добро да го имаме повторно во тимот и да работиме заедно“.