ФУДБАЛ

Конте ги воодушеви студентите по медицина

Тренерот на Интер, Антонио Конте, се приклучи на борбата против коронавирусот со купување на 12 лаптопи за студентите по медицина во Торино.

Конте ги испорачал уредите во детската болница Регина Маргерита во петокот, а деканот на факултет, Тизијана Катенацо го нарекол гестот „неочекуван подарок“.

„Разговаравме со него и неговата сопруга Елизабета еден ден пред да им кажам какви се тешкотиите на невропсихијатријата. Поради итноста на коронавирусот, хоспитализираните студенти на детска невропсихијатрија останаа без наставници, мобилни телефони и лаптопи за учење од далечина. Со овој подарок, ние барем ќе можеме да воспоставиме минимална врска со нив, што е уште поскапоцено во време како ова “, рече Катенацо.

Пиемонт – каде се наоѓа Торино – е четврто подрачје кое е сериозно погодено од пандемијата на коронавирус во Италија.