Антонио Конте минатата сезона ја доби наградата за тренер на годината во Серија А. Потоа ја освои титулата на кормилото на Интер, пред само еден глас Стефано Пиоли од Милано – 20 наспроти 19.
„Среќен сум бидејќи моите колеги тренери гласаа за оваа награда. Поради нивниот придонес, сакам да ја споделам наградата со луѓето од мојот штаб и играчите со кои бевме заедно на ова патување минатата кампања“, изјави Конте.
Сепак, тој си замина по завршувањето на сезоната откако управата реши да продаде дел од ѕвездите и да го намали буџетот. Така во моментов Италијанецот е на чело на Тотенхем. За Конте ова е четврта награда за број 1 во Калчото.
„Конте ја заслужи оваа награда бидејќи за краток период успеа да им го пренесе својот менталитет и филозофија на своите играчи. Беше задоволен кога ги виде неговите идеи за играта како се пресоздаваат на теренот“, коментира техничкиот директор на Италијанската фудбалска федерација Деметрио Албертини.