Кристијан Ериксен е едно од најголемите разочарувања во 2020 година откако неговиот трансфер се покажа како неуспешен.
Данецот пристигна во Интер со големи очекувања, но тој не се прослави на теренот, додека Антонио Конте го стави во сосема друга позадина.
Заминувањето на Ериксен од Интер се споменува со недели, но според изјавата на Конте пред натпреварот со Рома, нема да има ништо од тоа.
“Вие многу добро знаете што реков претходно. Нема да има пристигнувања или заминувања”, изјави тренерот на “нероазурите”.
Ериксен заборави како е да се биде стартер во Интер. Откако не доби минутажа на четири последователни натпревари, тој играше против Сампдорија во последните 20 минути.
Одличниот играч за врска се споменуваше како ново засилување на ПСЖ, тој беше понуден на Атлетико и Реал Мадрид, но се чини дека на пролет ќе живее во Милано.