ФУДБАЛ

Конте: Мора да имаме многу почит кон тимот кој доминира веќе девет години

Интер ќе се соочи со Јувентус утре од 20:45 часот во 18-та недела од Серија А.

Токму тренерот на Интер, Антонио Конте, зборуваше на прес-конференцијата пред клучниот натпревар.

„Јазот со белите не е целосно намален, ајде да се обидеме да им се доближиме. Фаворит Јувентус? Не сакам да ги покажувам фаворитите, мора да имаме многу почит кон тимот кој доминира веќе девет години и сака да го направи тоа повторно. Најмалку што можеме да имаме против Јувентус е почитување на сработеното, немаше историја во последните неколку години. Минатата година ја намаливме разликата и се надеваме дека ќе можеме да ја направиме и оваа година, бидејќи во претходните години тие беа на 20-25 поени од сите и не беше добро“ – рече Конте.

Во моментов Интер е на второто место со 37 бода, додека Јувентус е на четвртото место со 33 бода.

ПОВРЗАНО

Серија А