ФУДБАЛ

Конте нема да го преземе Манчестер Јунајтед, но сепак доаѓа во Англија на клупата на друг великан

Челниците на Тотенхем не се задоволни од резултатите на тимот и учинокот на тренерот, па одлучија да му врачат отказ на Нуно Еспозито Санто.


Веќе се знае и неговиот наследник. Наводно, Антонио Конте, кој откако ја раскина соработката со Интер, е без ангажман, го одбил Манчестер Јунајтед и ќе седне на клупата на Тотенхем.

Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио објави дека Тотенхем веќе е во контакт со Антонио Конте и дека е само прашање на време кога лондонскиот клуб ќе објави дека тој е нов тренер на оваа екипа.