ФУДБАЛ

Конте отпиша четворица фудбалери

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте ги отстрани од тренинзите Ндомбеле, Џовани Ло Салес, Серхио Регијон и Хари Винкс.

Се одлучил на тој чекор бидејќи повеќе не смета на нив. Бидејќи преодниот рок се уште не е завршен, сите четворица споменати фудбалери ќе можат слободно да бараат клуб во кој ќе играат.

Ндомбеле се покажа како тотален неуспех, иако на него се полагаа големи надежи. Тој беше донесен во 2019 година од Лион за 60.000.000 евра, што е најмногу што Тотенхем плати за отштета за играч, но не покажа ни приближно она што се очекуваше од него.

Сите четворица фудбалери на пазарот вредат вкупно 92.000.000 евра. Никогаш не треба да им биде проблем да најдат нови клубови доколку постават реални услови за плата.