ФУДБАЛ

Конте позитивен КОВИД-19, очекува да се опорави до викендот

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте е позитивен на коронавирусот, но лондонскиот клуб се надева дека ќе се опорави пред натпреварот со Брајтон, кој е закажан за в сабота.

Конте имаше позитивен тест за викендот и се наоѓа во самоизолација.

Тотенхем имаше голем број заразени играчи и тренери во декември, што доведе до одложување на неколку натпревари. На тогашната ситуација реагираше италијанскиот стручњак кој рече дека е тешко да се фокусираме на фудбалот кога здравјето е загрозено.

Тотенхем е во одлична форма – има четири победи во низа во Премиер лигата, а на тие натпревари постигнаа 14 гола, а прими само два. Благодарение на тоа, Тотенхем сега е на четвртото место, а доколку ја задржи таа позиција ќе обезбеди учество во Лигата на шампионите следната сезона.

Во последното коло Тотенхем убедливо ја совлада Астон Вила со 4:0 со хет-трикот на Хјунг-мин Сон, додека победата на Брајтон над Арсенал од 2:1 му помогна на тимот на Конте во борбата за четвртото место. Спарс сега имаат три бода повеќе од Топџиите кои имаат натпревар помалку од градскиот ривал.

 

 

ПОВРЗАНО

Премиер Лига