ФУДБАЛ

Конте: Сè уште не можеме да се споредиме со Јувентус

Антонио Конте изјави дека тие играле добро и покрај поразот од 2:1, но сè уште не можат да се споредат со Јувентус.

Интер имаат запишано шест победи, но нивниот седми натпревар завршил со тоа што Старата славеше победа на „Џузепе Меаца“ со головите на Пауло Дибала и Гонзало Игуаин.

„Мислам дека ја плативме цената кога Сенси се повреди и излезе. Второто полувреме не го започнавме добро, но тоа беше избалансиран натпревар против тим што може да постигне гол во секој момент“, рече Конте по натпреварот.

„Јувентус ни покажа на сите за артилеријата што ја поседува во нападот. Не можам да се жалам за играчите, но како што реков, треба да работиме за да го достигнеме нивото на Јувентус и да стекнеме повеќе искуство“.

„Треба да се развиваме повеќе како тим и да даваме повеќе голови, но искуството и одличниот клуб ја прават разликата“, додаде Конте.

Интер моментно е на второто место со 18 бода, додека во осмото коло се среќава со Сасуоло.