Менаџерот на Челзи, Антонио Конте смета дека оваа сезона за шампионската титула во Англиското фудбалско првенство ќе се борат шест екипи.
– Не очекува многу неизвесна сезона во борбата за трофејот. Конкуренцијата е многу силна и ќе биде исклучително тешко да се заврши на првата позиција. Наши најголеми конкуренти за титулата ќе бидат Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, тука е Тотенхем кој последниве години игра одлично и секако не треба да се заборават Арсенал и Ливерпул, истакна Конте.
Во Премиер лигата се одиграа шест кола. Водат Јунајтед и Сити со по 16 бода, Челзи е трет со 13, следуваат Тотенхем, Ливерпул и Вотфорд со по 11, бода, додека Арсенал со кого Конте ја завршува листата фаворити за тронот, е седми со 10 бодови.