Интер синоќа дојде до важна победа на домашен терен бидејќи успеа да ја победи Аталанта со 1:0.
Интер така го задржа првото место на табелата во Серија А и има шест бода повеќе од градскиот ривал Милан.
После натпреварот беше интересно на прес-конференцијата каде беше тренерот на домашниот тим Антонио Конте.
Еден од новинарите праша по натпреварот дали Конте има чувство дека веќе имал парче Скудето во џебот, и тој даде многу интересен одговор.
“Ако сега погледнам во џеб, ќе најдам само 40 евра. Само тоа ми остана откако застанав на бензинската да го наполнам резервоарот”, рече низ смеа тренерот на Интер.