ФУДБАЛ

Конте целосно искрен: Ве молиме не нè споредувајте со нив

Фудбалерите на Тотенхем беа поразени од Челзи со 2:0 во првиот натпревар од полуфиналето на англискиот Лига куп.

Тренерот на Спарс, Антонио Конте не го сфати премногу сериозно овој пораз и изјави дека тој и неговиот тим имаат уште многу работа.

„Имаме уште многу работа да направиме и работите да напредуваме. Потребно е време и трпение. Секогаш сум искрен и затоа ќе кажам сега – Челзи е подобар тим од нас. Невозможно е да не споредуваат има голема разлика во моментов, на добар пат сме да им се приближиме“, изјави Конте.

Навивачите на Тотенхем очекуваат во наредниот период да доведат одредени играчи, со цел тимот да се засили за предизвиците што ги чека.

“Мораме да бидеме скромни и да ја разбереме ситуацијата. Нешто не може драстично да се промени во два или три преодни рока. Лесно е да се каже купи играчи. Мора да се посветиме на работата на тренинзите”.

Реваншот против Челзи е закажан за 12 јануари, а три дена пред тоа Спарс ќе се соочат со Моркамб во ФА Купот.