Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте смета дека на неговиот тим му била погрешна одлуката на УЕФА да го откаже натпреварот меѓу лондонскиот тим и Рен во последното коло од групната фаза на Конференциската лига.
Дуелот кој требаше да се одигра на 9 декември беше одложен поради големиот број заразени играчи на Спарс. УЕФА тогаш одлучи дека нема начин да обезбеди нов датум за натпреварот и случајот го препрати до дисциплинската комисија.
Во понеделникот беше одлучено Рен да победи со службен резултат 3:0. На тој начин францускиот клуб продолжи да биде прв во групата, додека натпреварувањето за Тотенхем заврши.
„Тоа е неверојатна одлука, не е фер. Целиот свет знае дека се соочивме со голем проблем, како што е корона вирусот. Не сме ние виновни што не се одигра натпреварот, едноставно имавме многу заразени играчи и Владата реши да ни го затвори тренинг центарот. Искрено, за мене, играчите, клубот и нашите навивачи тоа е неверојатна одлука. Не е фер“ , рече Конте, додавајќи:
„Заслужуваме да покажеме што можеме на теренот. Многу сум разочаран од одлуката на УЕФА. „Се надевам дека нешто ќе се смени во следниот чекор, бидејќи заслужуваме да го играме тој натпревар.
Запрашан дали Тотенхем ќе се жали, италијанскиот стратег одговори:
„Има уште еден чекор. Ова не е дефинитивна одлука. УЕФА донесе одлука, но таа одлука треба да се потврди. Повторувам дека сум многу разочаран. Тоа значи дека некој не знаел какви проблеми имаме, или можеби некој има личен интерес да биде вака“.
Што велите, дали е направена неправда кон Спарс?