Во понеделникот Тотенхем одигра 2:2 со Брентфорд на гости, а капитенот на лондонскиот клуб имаше непријатен пречек.
Причината лежи во неговиот промашен пенал на натпреварот против Франција, за кој репрезентацијата на Англија се врати дома.
Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте застана во одбрана на својот играч по натпреварот.
„Никогаш ниту еднаш не се сомневав во неговиот квалитет, менталитет, пристап кон тренинзите или игра. Тој се соочува со чудна ситуација, бидејќи одигра навистина добро на Светското првенство. Тимот стигна до четврт-финалето, тој го водеше, но го промаши пеналот што ја врати репрезентацијата дома. Фудбалот е таков, проткаен од позитивни и негативни моменти. Ако сте психички стабилен, врвен играч, на врвно ниво, има момент кога го оставате сето негативно на страна и одите напред. Кејн успеа во тоа. Луѓе, зборуваме за навистина квалитетен фудбалер и посебна личност. Поради оваа причина, нашите навивачи, како и навивачите на клубовите против кои играме, треба секој пат да му ракоплескаат и да му аплаудираат…“ – рече Конте, а потоа продолжи:
„Навивачите на Брентфорд беа малку исплашени затоа што Кејн играше за Тотенхем, а не поради тоа што се случи во Англија. Овие ситуации се нормални. Се обидоа да направат проблем, но само затоа што Хари играше против Брентфорд. Не знаете што се случува во Италија. Кога фокусот е на репрезентацијата, тогаш публиката е најдобра во светот. Кога на програмата е клупскиот фудбал, гледачите наоѓаат начини да ги попречат играчите на противничките клубови, особено оние кои се способни да му наштетат на тимот за кој навиваат“, изјави италијанскиот стручњак.
Brentford fans sing "you let your country down" to Harry Kane pic.twitter.com/PcKNNThGwN
— UB1UB2 West London (Southall) (@UB1UB2) December 26, 2022