Мино Рајола, кој важи за еден од најдобрите, но и најконтроверзните фудбалски менаџери, вели дека летово во Реал Мадрид ќе донесе еден од неговите фудбалери. Не кажа за кого станува збор, па на медиумите останува само да претпоставуваат.
Рајола ги застапува големите имиња како што се Пол Погба, Марко Веранти, Џанлуиџи Дунарума, Матијас де Лихт, Ерлинг Халанд, Златан Ибрахомовиќ, Хенрих Мхитаријан.
Еден од нив кој се поврзува со Реал е Пол Погба, но Рајола не одговори конкретно.
-Моите односи со Реал Мадрид се многу добри. Сакам да дискутирам со нив за фудбалот. Во моментов во овој тим игра Ареола, кој е на позајмица. Ова лето сакам да донесам голем играч во Реал Мадрид. Тоа би ме усреќило, бидејќи Реал Мадрид е голем клуб, изјави Рајола.